петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чупо Мотинг останува во Баерн Минхен

Чупо Мотинг останува во Баерн Минхен

Ерик Максим Чупо Мотинг фудбалерот на германскиот првак Баерн Минхен останува во Баварија и за идната сезона откако договори нова едногодишна соработка со германскиот великан.

Чупо Мотинг со новиот договор добива и поголемо покачување на платата, како награда за одличните настапи сезонава, во која има 15 гола и четири асистенции во 24 настапи во сите натпреварувања за Баерн.

Тој во Минхен дојде во 2020 година за само четири милиони евра од Пари Сен Жермен, а е поранешен фудбалер на Хамбургер, Нирнберг, Шалке 04 и на англиски Стоук.