понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Филаделфија славеше во Милвоки

НБА: Филаделфија славеше во Милвоки

Ноќва во НБА лигата екипата на Филаделфија 76ерс се радуваше на гостувањето кај Милвоки Бакс (130-133).

Домаќинот речиси константно водееше, во завршниот период влезе со двоцифрена позитива, меѓутоа не успеа да ја одбрани бидејќи Филаделфија се разигра и со фуриозен финиш дојде до славје. По двајца кошаркари финишираа со по „дабл-дабл“.

Харден уфрли 38 поени и подели десет асистенции, а притоа врза и девет скока, додека му помогна Џоел Ембид (31 поен, десет асистенции). Адетокумбо го заврши мечот со 34 поени и 13 скока, имаше помош од Холидеј (26 поени, 13 асистенции), меѓутоа Бакси претрпеа пораз.

На останатите терени Мајами беше подобар од Атлатна со 117-109), Кливленд триумфира против Детроит (114-90), додека гостински победи запишаа Торонто во Вашингтон (109-116) и Минесота против Сакраменто (134-138).