четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Феникс Санс го совлада Далас

НБА: Феникс Санс го совлада Далас

Екипата на Феникс Санс дојде до триумф од 130-126 против Далас во интересен натпревар во НБА лигата, во кој порасположен беше двоецот Кевин Дурант и Девин Букер наспроти Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг.

Мечот беше главно израмнет со предност за Далас од три поени на полувремето (62-59). Далас во одредени моменти во третиот период имаше и осум поени предност, но во последната четвртина Феникс со пресврт дојде до победа.

Дурант го одигра најдобриот натпревар откако дојде во Феникс, постигнувајќи 37 поени, дополнети со седум скока. А, Букер заврши со 36 поени и 10 асистенции.

Кај Далас, Лука Дончиќ имаше 34 поени и 9 скока, а Ирвинг запиша 30 поени, дополнети и со седум асистенции.