НБА-лигата е подготвена да „украде“ технолошки изум од тенисот за да ја зголеми регуларноста на своите натпревари.
Челниците на НБА денеска и официјално објавија дека е изгласано воведување на „око соколово“ технологијата, за преглед на спорните ситуации.
Овие прегледи знаат да траат и по неколку минути во последните сезони, што беше причина за воведување на ваков изум. Натпреварите сега ќе бидат снимани со тридимензионани камери, при што за само неколку секунди ќе може да биде донесена исправна одлука.
„Оваа технологија ќе им помогне на судиите при донесување на вистинските одлуки, но и ќе го забрза процесот на носење на одлуката. Преку авоматизираниот систем многу побрзо ќе се решава ситуацијата кога топката излегла во аут или при прегледувањето дали блокадата била благовремена“, се вели во дел од соопштението што вечерва го објави НБА-лигата.