вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка несреќа во Прилеп, товарно возило удри во жена

Тешка несреќа во Прилеп, товарно возило удри во жена

На 15.03.2023 година во 20.00 часот во Прилеп, на бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Ристо Секирчанец“, товарно возило „фиат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.И. (61) удрило во пешакот В.Н. (64) од Прилеп, информира МВР.

Во несреќата В.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница – Прилеп.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.