недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Далас со кош во последната секунда го победи Лејкерс во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Далас со кош во последната секунда го победи Лејкерс во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Максмилиан Клебер погоди со звукот на сирената и донесе победа за Далас над Лејкерс од 111-110.

Лос Анџелес Лејкерс и Далас одиграа неизвесен натпревар, двете екипи се менуваа во водство, а мечот имаше спектакуларен крај откако Клебер ја исфрли топката буквално во последниот момент и донесе победа за гостите.

Ирвинг требаше да го заврши последниот напад на Далас, но влезе во позиција во која не можеше да шутне, па му ја даде топката на Клебер, тој шутна, таа влезе и почна славјето.