среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж загина во несреќа на патот Кичево-Македонски Брод

Маж загина во несреќа на патот Кичево-Македонски Брод

На 21.03.2023 во 15.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, патничко моторно возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(40) од с.Вранештица, кичевско, излетало од коловозот, информира МВР.

На местото на несреќата починал сопатникот Б.Б.(56) од Кичево, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.