петок, 8. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

На Фејсбук креирал лажен профил и поставил фотографии со експлицитна содржина- кривична за лице од кичевско

На Фејсбук креирал лажен профил и поставил фотографии со експлицитна содржина- кривична за лице од кичевско

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Е.(36) од село Мамудовци, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

На 29.05.2022, пријавениот злоупотребил лични фотографии на женско лице од Гостивар и на социјалната мрежа Фејсбук креирал лажен профил, а потоа поставил лични податоци, нејзина фотографија и две фотографии со експлицитна содржина.