среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Годините се само бројка, класата е вечна, Кристијано Роналдо со маестрален гол против Луксембург

ВИДЕО: Годините се само бројка, класата е вечна, Кристијано Роналдо со маестрален гол против Луксембург

Фудбалерите на Португалија вчера убедливо славеа на гостувањето кај Луксембург со 0-6, а мрежата на домаќините ја начна кој друг ако не легендарниот Кристијано Роналдо, и тоа со гол постигнат со пета!

Светскиот рекордер по репрезентативни настапи се врати во селекцијата на Португалија откако на кормилото дојде Роберто Мартинез и повторно ја предводи својата репрезентација со капитенската лента на раката.

Атрактивниот гол на Роналдо:

Роналдо вчера двапати се запиша во листата на стрелците, а му се придружија уште и Жоао Феликс, Бернардо Силва, Отавио и Рафаел Леао, а Португалија се враќа дома со убедлива победа и максимални шест бодови по две одиграни кола во квалификациите за ЕП 2024.

Ова беше единаесетти гол во 11 мечеви против Луксембург за Роналдо, а вкупно има постигнато 15 голови на последните осум натпревари за својот национален тим. Но, еден потег го „оцрни“ неговиот одличен настап. Тоа беше срамната симулација на стартот од вториот дел.

Во моментов Роналдо е на второто место на листата на стрелците во евроквалификациите со четири голови, додека прв е Данецот Хојлунд со пет погодоци.