вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Кралевите“ во транс, Кристијано Роналдо се појави во Мадрид (ВИДЕО)

„Кралевите“ во транс, Кристијано Роналдо се појави во Мадрид (ВИДЕО)

Репрезентативната пауза Кристијано Роналдо ја искористи и да „тркне“ до Мадрид на вечера и тоа со автомобил каков што имаат само уште девет луѓе во светот.

Роналдо е фан на суперлуксузни автомобили, а неговиот Бугати Чентодиечи со кој синоќа се појави во Мадрид чини осум милиони евра, а произведен е само во 10 примероци.

Фановите брзо го детектираа Роналдо и дел од нив успеаа да направат некоја фотка со него. Возбудата кај оние кои го видоа Португалецот беше очигледна.