сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

КАКО СЕ ПРАВИ ДОМАШНА НУТЕЛА: Двојно е поевтина од онаа купечката, а добивате повеќе намаз (ВИДЕО)

КАКО СЕ ПРАВИ ДОМАШНА НУТЕЛА: Двојно е поевтина од онаа купечката, а добивате повеќе намаз (ВИДЕО)

Нутела е најпознатиот намаз во светот кој многумина го сакаат. Можете да направите филови за колачи и торти, да го намачкате на леб, палачинки… и одличен е во комбинација со банана за домашен сладолед.

Во продавница е прилично скапо, но дома можете да направите двојно поевтина верзија на омилениот намаз и тоа поголема количина. А доколку сакате да има побогат и кремаст вкус, наш предлог е да додадете растопено чоколадо.

Состојки: 1 чаша печени лешници, 140 гр млечна чоколада, 2 лажици масло, 3 лажици шеќер, 1 лажица незасладено какао, 1/2 лажичка екстракт од ванила, 1/2 лажичка сол.

Подготовка: Лешниците исчистете ги и смелете ги во блендер. Кога ќе бидат ситно мелени, додадете масло и ванила, па кратко блендирајте. Потоа додадете ги шеќерот, какаото и солта, па повторно изблендирајте. Нутелата е готова, но доколку сакате малку покремаст и посилен вкус, додадете го растопеното чоколадо и убаво измешајте.