четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Никогаш не би ви текнало: ОВА е најлесниот начин да ги исчистите пиперките (ВИДЕО)

Никогаш не би ви текнало: ОВА е најлесниот начин да ги исчистите пиперките (ВИДЕО)

Многу е едноставно.

Сигурно многу пати сте се мачеле да ги отворите и исчистите пиперките и сте потрошиле многу време, но за среќа постои решение. Имено, на социјалните мрежи корисниците ги објавуваат своите трикови за оваа кујнска работа, а со тоа им го олеснуваат животот на другите. Пробавме еден од нив…

Значи, трикот е прво да го турнете делот каде што е стеблото внатре во пиперката, а потоа едноставно да ја исечете на половина. Срцето на пиперката на тој начин станува многу лесно за извлекување, а на половините остануваат само неколку семки кои лесно можете да ги отстраните со нож или со испирање на пиперката под вода.

 

За да се увериме дека трикот навистина функционира, го тестиравме на неколку различни бабури, една со потенка кора и две со подебела. Бидејќи потенката е автоматски помека, јасно е дека трикот не успеа целосно, па дел од срцето и семките на пиперката сепак останаа на половините.

Со црвената и зелената пиперка работите беа малку поедноставни, но тоа го препишуваме на дебелината на плодот, што го олеснува чистењето. Во секој случај, трикот успеа, горе-долу, и дефинитивно ќе го користиме во нашата кујна од сега па натаму. Останува само да ги дочекаме вистински домашни пиперки од градината и да почнеме да готвиме.