Кошаркарот на Реал Мадрид, Винсан Поарје, е опериран од слепо црево, поради што нема да му се стави на располагање на „кралскиот клуб“ во наредниот период.
Францускиот центар беше опериран во болницата „Санитас Ла Моралеха“ и сè уште не е познато колку долго ќе биде отсутен од терените.
Во моментов, надвор од тимот се Најџел Вилијамс Гос, Серхио Љуљ, Карлос Алосен, Фабијан Козер и Руди Фернандез.