недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Победи на Јута, Клиперс и Минесота

НБА: Победи на Јута, Клиперс и Минесота

Кошаркарите на Јута Џез пред своите навивачи на крајот од регуларниот дел од сезона во Солт Лејк Сити со 118:114 ја совладаа водечката екипа во Западната конференција, Денвер Нагетс.

Најдобар стрелец на натпреварот беше рукито на Џез, Очаи Агбаи со 28 коша, а хрватскиот кошаркар Лука Шаманиќ, кој имаше десетдневен договор со тимот од Солт Лејк Сити го имаше остварувањето на кариерата со 23 поени, 8 скокови и 2 украдени топки со одличен шут од поле и за „тројки“. Ним им се придружи Крис Дан со 19 коша и 14 асистенции.

Денвер последната четвртина ја одигра без своите најдобри играчи/ Во таквата распределба на минутажата Кентавиус Клодвел-Поуп беше најдобар стрелец кај Нагетс со 21 кош, Џамал Мареј додаде 20 поени. Никола Јокиќ остана на само 6 поени, но имаше по 10 скокови и асистенции.

Последниот ден од основниот дел од сезоната, Денвер со соодносот на победи и порази 52-29 ќе бидат домаќини на Сакреманто Кингс (48-39) во резултатски неважно соочување и за двете екипи. Јута Џес, пак, (37-44) ќе гостуваат кај Лос Анџелес Клиперс (43-38). За Џез овој дуел е без значење, додека Клиперс ќе играат за можно избегнување на „плеј-ин“ турнирот и директен пласман во доигрувањето.

Важна победа за редоследот од петтото до деветтото место остварија токму Клиперс кои во својата „Критпо ком Арена“ беа подобри со 136:125 од Портланд Треј Блејзерс.

Клиперс до победата ги водеше Каваи Леонард со 27 коша и 8 скокови. Норман Пауел додаде 23 поени, а Расел Вестбрук 20 коша. Кевни Нокс Втори беше најдобар кај гостите со 30 поени и 11 скокови.

Клиперс пред гостувањето кај Феникс Санс се на петтото место на кое и ќе останат доколку го одбијат тој натпревар. Можат да го задржат и со пораз, доколку Голден Стејт Вориорс загубат во Портланд од веќе отпишаните Трејл Блејзерс, а Њу Орлеанс Пеликанс не успеат на гостувањето кај Минесота Тимберволфс (41-40) која славеше со 151:131 против Сан Антонио Спарс (21-60) во натпреварот кој беше одигран на неутрален терен во Остин.

Минесота стасаа до 41-та победа со 33-те поени на Ентони Едвардс, додека Карл-Ентони Таунс додаде 22 поени со по 8 скокови и асистенции. Стрелците на Спарс ги предводеше Џулијан Шампањи со 24 коша и Кејт Бејтс-Диоп со 22 поени, додека Три Џонс дојде до „трипл-дабл“ со 21 поен, 12 асистенции и 10 скокови.

РЕЗУЛТАТИ
Јута Џез – Денвер Нагетс 118:114
ЛА Клиперс – Портланд Трејл Блејзерс 136:125
Сан Антонио Спарс – Минесота Тимбервулфс 131:151