среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична против лице од кичевско: Со фалсификуван сертификат сакал да стане директор на студентски дом

Кривична против лице од кичевско: Со фалсификуван сертификат сакал да стане директор на студентски дом

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(66) од кичевското село Колибари, со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.

Пријавениот, како што соопшти МВР, во текот на 2019 година набавил фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик со намера да се вработи како директор на државeн студентски дом. Сертификатот го заверил на нотар во Кичево, по што го приложил при аплицирање за вработување како директор во студентскиот дом.