Кошаркарите на Бостон Селтикс ја совладаа Атланта со конечни 112:99 во својата „ТД Гарден“ арена и на тој начин поведоа во плеј оф серијата со 1:0.
Џејлен Браун имаше 29 поени и 12 кока, додека Џејсон Татум додаде свои 25 и 11 скокови. Дери Вајт имаше поен помалку. Дежонте Мареј со 24 коша едимствен на ниво кај Атланта.
Од друга страна пак, тимот на Голден Стејт со 126:123 загуби на гостувањето кај Сакраменто. Фокс најјефикасен со одлични 38 поени додека Монк додаде свои 32. Стеф Кари стигна до 30 поени и шест скока.
Кошаркарите на Филаделфија 76 поведоа со 1-0 во првиот круг од доигрувањето во Источната конференција на НБА лигата, откако на домашен паркет ги совладаат Бруклин Нетс со 121:101.
Џоел Ембид оствари 26 поени со пет скокови и три асистенции, додека Џејмс Харден додаде 23 коша со дури 13 асистенции и четири скокови. Тобијас Харис, исто така, беше конкретен на отворањето на доигрувањето, и уфрли 21 поен со по четири скокови и асистенции.
На спротивната страна најдобри беше Микал Бриџес кој постигна 30 поени со многу добар шут од игра 12 погодоци од 18 обида.
НБА Резултати:
Кливленд – Њујорк 97:101
Сакраменто – Голден Стејт 126:123
Филаселфија – Бруклин 121:101
Бостон – Атланта 112:99
Мајами – Чикаго 102:91
Минесота – Оклахома 120:95