вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повредени две лица: Се судрија „фолксваген голф“ и „сеат“ во тетовско

Повредени две лица: Се судрија „фолксваген голф“ и „сеат“ во тетовско

На 18.04.2023 во 14.40 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Добарце-тетовско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(65) од с.Добарце, и патничко моторно возило “сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.М.(22) од истото село.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.А., а С.М. се здобила со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.