сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Брацо и Кан – некогаш херои, денес лузери“

„Брацо и Кан – некогаш херои, денес лузери“

Хасан Брацо Салихамиџиќ и Оливер Кан се под силен напад од навивачите на Баерн. Легендите на најголемиот германски клуб, според мислењето на ултрасите и симпатизерите, воопшто не се снаоѓаат како спортски директор (Брацо) и извршен претседател (Кан).

Тоа им го порачаа во текот на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Пред натпреварот да заврши 1:1 тие им испратија неколку пораки.

На полувремето на јужната трибина се појави огромна парола со јасна порака за нив двајца.

Навивачите ги обвинуваат Салихамиџиќ и Кан за отказот на тренерот Јулијан Нагелсман и за низата други одлуки со кои, според навивачите, ја изневериле традицијата на баварскиот гигант.

„Може да се промашат голови, но вредностите на клубот не можат и не смеат! Испитајте ја политиката на клупското раководство“, е јасна порака од трибината на Баерн Арената.

Тоа не беше единствената порака што им ја испратија навивачите на функционерите.

Во првото полувреме, тие развија една која гласеше: „Брацо и Кан: херои од минатото и лузери на денешницата“.