среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Мајк Браун тренер на годината во НБА

Мајк Браун тренер на годината во НБА
епа

Американската професионална кошаркарска НБА лига објави дека признанието тренер на годината му припадна на 53-годишниот Мајк Браун, а предводникот на Сакраменто наградата ја освои на уникатен начин.

Браун стана првиот тренер во историјата кој ги освоил сите можни 100 поени во гласањето на медиумите, доминирајќи во изборот во конкуренција на колегите од Оклахома и Бостон.

Од 2016 до 2022 година Браун беше помошник тренер во Голден Стејт, а ова му е премиерна сезона како прв тренер на Сакраменто. Под негово водство Сакраменто избори настап во разигрувањето за титулата, првпат по 2006 година.

Во првиот круг од плејофот во Западната конференција,Сакраменто води со 2-0 во победи против актуелниот НБА првак Голден Стејт.