петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ергин Атаман е нов тренер на Панатинаикос

Ергин Атаман е нов тренер на Панатинаикос

Кошаркарскиот тренер Ергин Атаман во следните две сезони ќе го води најуспешниот клуб во Грција, Панатинаикос, соопштија вечерва медиумите кај нашиот јужен сосед.

Неколку часа порано беше соопштено дека менаџерот на Атаман ќе има средба со раководството на ПАО на која ќе се разговара за тренерското место, а очигледно состанокот вродил со плод.

Атаман ќе има задача да го извади Панатинаикос од тешката криза во која се наоѓа последните три сезони и да го врати на врвот не само на грчката, туку и на европската кошарка.

За почеток, постигнат е договор на две сезони, но постои надеж дека соработката ќе трае многу подолго. Наводно, Турчинот барал тригодишен договор, но на крајот двете страни се согласиле тоа да биде на две.