недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Њујорк и Бостон на победа до следна фаза, Минесота против Деневер намали на 3-1

НБА: Њујорк и Бостон на победа до следна фаза, Минесота против Деневер намали на 3-1

Актуелниот шампион во НБА лигата тимот на Голден Стејт ја изедначи осминафиналната серија против Сакраменто во плеј-офот на НБА лигата на 2-2 откако вчера славеа со 126-125 во драматична завршница.

Победникот беше одлучен во последните 30. секунди од натпреварот, а Барнс за Сакраменто промаши обид за три поени со кој ќе го вратеше својот тим на предност од два натпревари во серијата.

Стеф Кари со 32 поени, 5 скока и 4 асистенции беше предводник на Голден Стејт, додека на спротивната страна се истакна Фокс со 38 поени, 9 скокови и 5 асистенции.

Њујорк стигна до предност од 3-1 во серијата против Кливленд откако го одбрани домашниот терен со триумф од 102-93, а на победа до четвртфинале се најде и Бостон кој изминатата вечер славеше со 121-129 на гостувањето кај Аталанта.

Маестралната партија на Никола Јокиќ проследена со дабл-дабл од 43 поени и 11 скокови не беше доволна за Денвер против Минесота да се пласира во следната фаза каде сега Денвер води со 3-1 во серијата подобар до четири.

По продолжение Тимбервулвс успеаја да слават со 114-108 предводени од Едвардс и неговите 34 поени, 6 скока и 5 асистенции.