среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Повредата на Таварез не е сериозна и ќе игра на вториот меч против Партизан

Повредата на Таварез не е сериозна и ќе игра на вториот меч против Партизан

Кошаркарот на Реал Мадрид, Еди Таварес не е сериозно повреден, но неизвесно е дали ќе игра в четврток на вториот натпревар од четвртфиналето на плејофот во Евролигата против Партизан, пренесува „Марка“.

Репрезентативецот на Зеленортските Острови го повреди левото колено во финишот на првото полувреме од првиот дуел со црно-белите и не играше во преостанатиот дел од натпреварот.

Тренерот на „кралскиот клуб“, Чус Матео по натпреварот изјави дека Тавареш има болки и дека деталните прегледи ќе го покажат степенот на повредата.

За среќа на Реал Мадрид, снимката покажа дека повредата на 221 сантиметар високиот кошаркар не е серизна и дека може да игра во четврток. Вториот меч од серијата ќе започне денес во 20:45 часот каде Партизан води со 1:0, а се игра до три добиени победи.