недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повредена велосипедистка во сообраќајка во Скопје

Тешко повредена велосипедистка во сообраќајка во Скопје
илустрација

На 27.04.2023 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје, патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(49) од Скопје, удрило во велосипед управуван од М.Р.(65) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Р. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.