петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарската јавност се крена на нозе: Зошто не е казнет оној што го започна цело с..ње!?

Кошаркарската јавност се крена на нозе: Зошто не е казнет оној што го започна цело с..ње!?

Евролигата ги објави казните кои со нетрпение се очекуваа во кошаркарската јавност, а општ впечаток е дека барем еден кошаркар на Реал Мадрид се извлече неказнет.

Во четвртокот белградски Партизан одново славеше на теренот на Реал Мадрид, но натпреварот беше прекинат пред самиот крај, кога настана општа тепачка во која учествуваа речиси сите кошаркари на двете екипи.

Откако Евролигата ги соопшти казните се чини дека неколку играчи на „кралскиот“ клуб избегнаа санкции. Овој впечаток го дели и познатиот американски кошаркар Вејд Болдвин, еден од предводниците на Макаби.

На Инстаграм објави коментар: „Уф, недостасува еден играч! Оној што го започна целото с..ње!“, напиша Болдвин.

За суспензиите има бројни коментари, а познатиот грчки новинар Дионисис Аравантинос процени дека „Гершон Јабуселе би одлежал казна од најмалку триесет натпревари во НБА лигата. Кој може да гарантира дека слична борба нема да се случи во блиска иднина“, се запраша новинарот.

Исто така, својот став го истакна и познатиот американски кошаркар Малколм Дилејни, кој напиша само два збора: „Ова е срање“.

Партизан во вторник во третиот натпревар против Реал ќе игра без центарот Матијас Лесор и без капитенот Кевин Пантер, кој нема да настапи ниту во четврток, доколку има четврти натпревар или во полуфиналето на „фајнал-фор“ турнирот.

Најжестоко казнет е Гершон Јабуселе од Реал Мадрид, кој поради боречкиот зафат кој го изведе врз Данте Егзум е суспендиран на следните пет натпревари. Од таборот на „кралевите“ казнет е Габриел Дек со еден натпревар неиграње.