четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: ЛА Лејкерс го прегазија Мемфис и се пласира во полуфинале, Сакраменто избори мајсторка со Голден Стејт

НБА: ЛА Лејкерс го прегазија Мемфис и се пласира во полуфинале, Сакраменто избори мајсторка со Голден Стејт

Лос Анџелес Лејкерс со 40 поени разлика го совлада Мемфис, беше 125-85 и со 4-2 се пласираше во конференциското полуфинале, Сакраменто на гостински терен беше подобар од шампионот Голден стејт со 118-99 и се избори за мајсторка на свој терен.

Расел со 31 поени беше најдобар, Леброн Џејмс постигна 22 поени, Дејвис 16 поени и 14 скокови. Во составот на Мемфис, Алдама со 16 поени беше најефикасен, Бејн постигна 15.

Сакраменто направи изненадување откако убедливо го победи Голден стејт на негов терен со 118-99 и се избори за седми натпревар во серијата.

Монк со 28 поени беше најдобар кај Сакраменто, Фокс постигна 26 имаше и 11 асистенции. Најдобар кај Голден стејт беше Кари со 29 поени.