сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрил со возило на МВР, па излегол од автомобилот и агресивно се однесувал

Се судрил со возило на МВР, па излегол од автомобилот и агресивно се однесувал

На 01.05.2023 во 19.30 часот во близина кај с.Бродец, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР и патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(32) од с.Арачиново, скопско, велат од полицијата.

Од МВР додаваат дека веднаш потоа возачот на возилото „тигуан“ излегол од возилото и агресивно се однесувал кон полициските службеници, по што го напуштил местото.

По преземени мерки возилото било запрено на ул.„Радишанска“ во Скопје. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.