МЗТ Скопје ја задржа предноста од домашен терен и поведе со 1-0 во полуфиналната серија против Работнички откако славеше со 82-71 во СЦ „Јане Сандански“ .
Со 14 поени и 11 скокови лидер на МЗТ Скопје беше Дамјан Стојановски, а него го следеа Кук и Вер со по 13 поени. Со 19 поени и 9 скокови Џелетовиќ беше прво име кај Работнички, а по 16 поени додадоа Нотиџ и Малешевиќ.