вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник и 21 годишно момче тешко повредени во сообраќајка

Малолетник и 21 годишно момче тешко повредени во сообраќајка

Вчера (21 мај) во 21 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во Џепчиште, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки, „фолксваген тигуан“ управуван од Б.Б.(68) и „фиат“ што го управувал Н.Н.(74), двајцата од ова село и мотоцикл со тетовски ознаки, управуван од малолетник од истото село, информираат од СВР Тетово.

Во несреќата, малолетникот и 21-годишниот сопатник од мотоциклот А.М. од Џепчиште се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.