понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Повредени двајца возачи во сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево

Повредени двајца возачи во сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево

Вчера (24.05.2023) во 15.40 часот во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Сретковски мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со скопски регистарски ознаки: „хундаи“ управувано од 56-годишниот Ш.С. од тетовско Рогле и „фолксфаген голф“ што го управувал 55-годишниот Љ.С. од Скопје.

Во несреќата, возачот Ш.С. се здобил со тешки, а возачот Љ.С. со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.