вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Дојде нивната сезона: Има многу причини за да јадете јагоди – дознајте ги

Дојде нивната сезона: Има многу причини за да јадете јагоди – дознајте ги

Конечно започна сезоната на јагоди, вкусно и омилено овошје на многумина.

Освен со вкусот освојуваат и со своите здравствени придобивки.

Според „WebMD“, има многу придобивки од редовното консумирање на јагоди. Имено, витамините, минералите и антиоксидансите во јагодите можат да обезбедат важни здравствени придобивки.

На пример, јагодите се богати со витамин Ц, влакна и полифеноли, антиоксидантни соединенија кои можат да помогнат да се спречи развојот на одредени болести.

Покрај тоа, јагодите може да обезбедат и други здравствени придобивки како што се:

– зачувување на здравјето на срцето и циркулаторниот систем

– зајакнување на имунитетот

– намалување на ризикот од рак и деменција

– намалување на нивото на холестерол во крвта

– спречување на воспаление во телото

– одржување на здравјето на цревата