среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Валтер Тавареш изненадувачки сака да си оди од Реал Мадрид

Валтер Тавареш изненадувачки сака да си оди од Реал Мадрид

Центарот на Реал Мадрид Валтер Тавареш кој потекнува од Зеленортските острови изненадувачки сака да замине од клубот.

Иако Таварес неодамна потпиша нов договор според кој ќе добива 1,8 милиони евра, тој е незадоволен.

Платите во Евролигата не се претерано високи, па Таварес сака да го извлече максимумот. Според најавите, центарот на Реал е отворен за нови понуди, сака да ги разгледа опциите, а секако ако не пристигне задоволувачка, тој ќе остане во Мадрид.

Сезонава во елитното натпреварување одигра четириесет натпревари, на кои забележа просек од 11,2 поени, 6,9 скока, 2,2 блока и 1,5 асистенции.

Сепак, неговите доминантни партии во дефанзивниот дел се запазени од страна на сите гиганти.