Шпанскиот ветеран Серхио Љуљ имаше важна улога во редовите на Реал Мадрид на патот кон европската титула, а продолжи со одличните настапи и во плејофот на шпанското првенство.
Реал денеска славеше над Гран Канарија, а Љуљ со својот ефект на теренот, постави два клупски рекорди на својот клуб.
Уште со првата тројка, Љуљ стана најдобар стрелец во историјата на клубот во шпанското првенство, а со втората стана прв играч на Реал кој постигнал 900 тројки во АЦБ лигата.
Инаку, досега најдобар реализатор на Реал беше Фелипе Рејес, а Љуљ денеска стигна до 6027 поени, што е нов рекорд. Само четворица играчи во историјата имаат постигнато 900 тројки во шпанскиот шампионат.
Љуљ го завршил денешниот натпревар со 16 поени, а поефикасен од него бил само Муса со 20 поени.