вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Румениге: Среќен сум што клубот ме повика назад во Минхен

Румениге: Среќен сум што клубот ме повика назад во Минхен

Екс германската легенда Карл-Хајнц Румениге се приклучи на Надзорниот одбор на Баерн Минхен. Тој се враќа во клубот после две години, откако од 2001 до 2021 година беше генерален директор на клубот. Под негово водство тимот освои 14 трофеи, и два пати Лигата на шампионите.

Румениге се враќа во раководството на клубот по отказите на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ, кои добија „шут-карта“ веднаш откако тимот ја освои титулата во Германија под многу среќни околности.