понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кристијано Роналдо објави каде ќе игра следната сезона

Кристијано Роналдо објави каде ќе игра следната сезона

Кристијано Роналдо откри каде ќе игра следната сезона. Минатата зима Португалецот го изненади светот со тоа што одлучи да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија каде потпиша за Ал-Наср.

Медиумите пишуваа дека би можел да се врати во Европа, најмногу поврзувајќи го со Баерн, но ништо од тоа.

Португалскиот ас откри дека и следната сезона ќе го носи дресот на Ал-Наср и дека верува во петгодишниот проект на овој азиски клуб.

„Среќен сум овде, сакам да продолжам тука и ќе продолжам овде. Според мене, ако успеат во она што го зацртаа во следните пет години, Саудиска Арабија ќе има едно од првите пет првенства во светот “, изјави Роналдо.

За потсетување, договорот меѓу Кристијано Роналдо и Ал-Наср е со важност до крајот на следната сезона, т.е. до јуни 2024 година и очигледно ќе го видиме до крај.