сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Андреа Тринкери не е веќе тренер на Баерн Минхен

Андреа Тринкери не е веќе тренер на Баерн Минхен

Кoшаркарите на Баерн Минхен останаа без тренер откако не успеаа да го освојат германското првенство и беа поразени со 3:0 во серијата против Улм.

Елиминацијата на Баерн дојде сосема неочекувано бидејќи гигантот од Минхен важеше за прв фаворит за титулата. Токму поради тоа веднаш по неуспехот клубот се раздели со Андреа Тринкиери.

Заминувањето го потврди и самиот Тринкиери по натпреварот.

„За мене ова беше последен натпревар на клупата на Баерн. Го преземав клубот во времето на пандемијата, а играчите и моите соработнци од стручниот штаб поминаа низ многу препреки. Оваа група на луѓе заслужи повеќе, но ни недостасуваше среќа во клучните моменти. Имавме две титули во Германија и два плеј-офа во Евролигата. Секогаш можете да бидете подобри, ние направивме се што можевме“, изјави Тринкиери