понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца повредени во сообраќајка во Лешок

Тројца повредени во сообраќајка во Лешок

На 03.06.2023 во 22.15 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Лешок, патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(18) од с.Теарце, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници, А.Ј.(19) и малолетник, и двајцата од с.Теарце, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.