Американските медиуми веќе ја објавија половина од екипата на Соединетите Американски Држави која ќе игра на Светското првенство (СП) во кошарка, кое е закажано во септември, а на кое земјата важи за прв фаворит за златото.
Новиот селектор Стив Кер ќе го има првиот сериозен предизвик. За Соединетите Американски Држави на планетарниот собир ќе играат Ентони Едвардс од Минесота, Тајрис Халибуртон од Индијана, Микал Бриџис од Бруклин, Боби Портис од Милвоки и Остин Ривс од Лос Анџелес Лејкерс.
Во комбинација за настап и тоа сериозна е плејмејкерот Џејлен Брансон од Њујорк Никс. Засега не е познато дали ќе има некои од НБА-ѕвездите на овој собир, како што на пример се Џејсон Тејтум, Крис Мидлтон, или пак Кевин Дурант и Леброн Џејмс.