вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Рецептот на Џејми Оливер кој е популарен во целиот свет (ВИДЕО)

Рецептот на Џејми Оливер кој е популарен во целиот свет (ВИДЕО)

Во тек е Петровденскиот пост, а вегетаријанските рецепти се идеални доколку го следите. Пробајте ги шпагетите Болоњезе.

Болоњезе шпагетите се можеби најпознатото јадење во италијанската кујна. Овој познат сос краси и други јадења, како што се лазањите… Доколку сакате да ги јадете, но постите или сте вегетаријанец, тогаш ви предлагаме да ги подготвите по рецепт на Џејми Оливер. Тие се исклучително вкусни и воопшто не се комплицирани.

Состојки:

2 стебленца целер,

2 моркови,

2 главици кромид,

2 чешниња лук, 20 гр сушен вргањ,

малку рузмарин,

100 мл црвено слатко вино,

неколку ловорови листови,

200 мл бујон,

2 конзерви пелат,

1 конзерва леќа,

магдонос,

400 гр тестенини по желба,

веганско тврдо сирење.

Подготовка:

Во голема тава загрејте малку маслиново масло, па додајте ги ситно сечканиот целер, лукот и рузмаринот. После тоа, додадете ги ситно сецканиот морков и кромидот. Промешајте, покријте и динстајте околу 15-20 минути. Ставете ги сувите печурки во сад и покријте ги со врела вода. По 20 минути, истурете го црвеното вино во тавата, промешајте и продолжете со готвварењетоењето. Потоа процедете ги печурките и исечкајте ги. Додадете ги во зеленчукот и истурете ја супата. Промешајте, па додадете ги пелатот и леќата. Кога ќе почне да врие, промешајте, поклопете и оставете да крчка на ниска температура. После тоа исклучете го шпоретот и зачинете по желба, па посипете со сечкан магдонос. Ставете ги тестенините да се варат, а потоа додадете малку од водата во која се варат тестенините во сосот и измешајте. Процедете ги тестенините и додајте ги во сосот, па сè убаво измешајте. Врз него изрендајте го вегетанското тврдо сирење, а потоа сè добро измешајте. Ако ви изгледа суво, налејте уште малку вода во која се вареле тестенините.