среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Домашен сладолед готов за миг: Рецепт без млеко и шеќер од само 2 состојки

Домашен сладолед готов за миг: Рецепт без млеко и шеќер од само 2 состојки

Како се прави најздравиот и највкусниот домашен сладолед?

Веганската кујна ни дарувала многу драгоцени рецепти, благодарение на кои вообичаените слатки може да ги замениме со здрави и еднакви вкусни алтернативи.

Еден од таквите рецепти за домашен, чоколаден сладолед за кој не мора да користите ни шеќер, ни млеко, па дури ни чоколадо.

Доволни се само две состојки, а по желба може да додадете малку мед.

Состојки:

– 2 банани;
– 2 лажици какао во прав.

Подготовка:

1. Исечкајте ја бананата на кругови, па распоредете ги по обложена хартија за печење и ставете ги во замрзнувач околу половина час.

2. Потоа извадете ги, ставете ги во блендер, додадете какао во прав, па блендирајте една минута до две, односно сè додека не добиете фина кремаста текстура.

3. Потоа ставете ја смесата во чаши или калапи за сладолед и тоа е сè! Ставете го сладоледот во замрзнувач и два часа подоцна може да уживате во божествениот чоколаден вкус.

Уживајте во вкусот!