петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на загинатиот мотоциклист во тунелот кај Катланово

Познат идентитетот на загинатиот мотоциклист во тунелот кај Катланово

На 26.06.2023 во 16.46 часот било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после влезот во тунел Стража-Катланово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген дока“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26) од с.Цветово, скопско и мотоцикл „хонда“ со унгарски национални ознаки, управувано од Ц.Б.(70) од Р.Унгарија, информира МВР.

На местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Т.В.М.(68) од Р.Унгарија, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.