вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Млад возач тешко повреден во судир со трактор

Млад возач тешко повреден во судир со трактор
илустрација

На 28.06.2023 година во 21.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“, управувано од Х.Н. (22) од Богданци и трактор „ИМТ“, управуван од С.К. (27) од Богданци, двете со гевгелиски регистарски ознаки, велат од МВР.

Во несреќата возачот Х.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.