среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Американците го комплетираа најлошиот дрим-тим за настап на кошаркарскиот Мундијал

Американците го комплетираа најлошиот дрим-тим за настап на кошаркарскиот Мундијал

Американците ќе играат не со најдобриот или со вториот, туку можеби и со третиот и четвртиот најдобар селекција која може да се направи во моментов, покажувајќи дека не се премногу заинтересирани за Мундобаскетите.

Челниците на оваа репрезентација денеска го објавија списокот на целата репрезентација, во која нема буквално ниту една голема ѕвезда од НБА.

Бекот на Њујорк никс, Џош Харт, е последните кошаркар кој доби повик за настап на СП, со што им се приклучи на претходно ангажираните Тајрис Халибуртон, Џејлен Брансон, Ентони Едвардс, Остин Ривс, Микел Бриџис, Кем Џонсон, Брендон Инграм, Паоло Банкеро, Џерен Џексон јуниор, Боби Портис и Вокер Кеслер.

Најдобриот светски собир почнува на 25 август, а ќе заврши со финалето на 10 септември во Манила.