Малку брашно, шеќер, лешници и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да ги направите овие одлични мафини.
Доколку сте љубители на мафини, веруваме дека овие со лешници ќе бидат одличен избор за појадок:
Состојки:
300 гр брашно
половина прашок за пециво
200 гр шеќер
100 гр мелени лешници
150 гр сечкани лешници
150 мл масло
250 мл кисела вода
ванилин шеќер
малку џем
Подготовка:
Во поголем сад измешајте ги сите состојки освен сечканите лешници и џемот. Мешајте додека не се добие компактна смеса. Ставете ја смесата со лажица во чашките за мафини, одозгора ставете една лажица џем, па одозгора уште малку смеса. Посипете со сечкани лешници и печете во рерна на 10 степени околу 20 минути.