четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус во преговори за ангажман на Лукаку

Јувентус во преговори за ангажман на Лукаку

Италијанскиот „Скај Спортс“ објави дека интерес за Ромелу Лукаку  покажува Јувентус, чии претставници имале контакт со раководството на Челси и се распрашувале за сумата која треба да биде доволна за купување на напаѓачот.

Интер не успева да ги исполни финансиските очекувања на Челси и затоа не добива зелено светло за откупување на договорот на Лукаку, додека Јувентус можеби ќе се обиде да го искористи ова иако и самиот не е во најдобра финансиска ситуација.

Италијанските медиуми споменуваат и евентуална размена со доплата со Душан Влаховиќ, бидејќи Србинот котира одлично кај одговорните во Челси, но засега тоа се само комбинации и шпекулации.

Додека италијанските тимови се обидуваат да најдат ресурси, од позадина Ал Хилал ја следи ситуацијата и е подготвен да ги испорача посакуваните суми и за Челси и за Лукаку.