понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Зомер и Интер се договорија, Онана заминува во Манчестер Јунајтед

Зомер и Интер се договорија, Онана заминува во Манчестер Јунајтед

Камерунскиот голман Андре Онана може полека да се пакува и во следните денови да замине во Манчестер јунајетд, зашто Интер веќе ја најде замената за него и ги договори личните услови со швајцарската „единица“ Јан Зомер од Баерн Минхен.

Миланскиот гигант веќе спреми шест милиони евра за да го купи Зомер, кого Баерн го донесе како замена за Мануел Ноер, откако стандардната „единица“ скрши нога, со надеж дека Баварците ќе ја прифатат оваа понуда и брзо ќе се заврши трансферот.

До реализацијата, како што објавуваат италијански новинари, прво треба да се реализира трансферот на Онана на „Олд Трафорд“, а последните најави се дека ептен близу се Јунајтед и „нераѕурите“ за трансфер од околу 55 милиони евра.

Зомер со Интер договори двегодишна соработка, а покрај него „нераѕурите“ ќе го ангажираат и младиот украински голман Андреј Турбин. Онана, пак, со Јунајтед ќе потпише петгодишен договор за седум милиони евра годишно.