понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Чачо Родригез останува во Реал Мадрид

Чачо Родригез останува во Реал Мадрид

Европскиот кошаркарски гигант Реал Мадрид го продолжи договорот со Серхио Чачо Родригез на уште една сезона.

Вчера договорот со „кралскиот“ клуб го продолжи и Руди Фернандез, и Реал Мадрид нема намера да се откаже од двајцата искусни кошаркари.

Искусниот плејмејкер на Реал, имаше голем придонес во освојувањето на Евролигата на тимот минатата сезона. Тој изнесе голем дел од одговорноста заедно со Еди Таварез и Серхио Љуљ, за нова шампионска титула на „кралевите“ во Европа.

Чачо минатата сезона одигра 40 меча во Евролигата, од кои само три како стартер, и имаше просек од 4,9 постигнати поени.