петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

СО „ФОЛКСВАГЕН ГОЛФ“ ИЗЛЕТАЛЕ ОД АВТОПАТОТ ОХРИД – КИЧЕВО: Во автомобилот имало четворица патници, еве ги деталите

СО „ФОЛКСВАГЕН ГОЛФ“ ИЗЛЕТАЛЕ ОД АВТОПАТОТ ОХРИД – КИЧЕВО: Во автомобилот имало четворица патници, еве ги деталите

На 12.07.2023 во 13.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Требеништа и с.Мешеишта, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.З.(47) од с.Стрелци, кичевско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ќ.С.(56), Ф.З.(22) и Ф.З.(46), сите од с.Стрелци, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.