Г.С.(58) од Кичево го загуби животот во сообраќајна несреќа откако со автомобилот излетал од патот Битола-Кичево, кај с.Кладник.
Од МВР информираат дека несреќата кај нив била пријавена во 13:15 часот.
-Г.С.(58) од Кичево, управувајќи патничко возило „лада самара“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. На местото на несреќата возачот починал, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево, велат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.