среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за несреќата кај Џевахир: Две лица повредени, едно возило се преврте и се запали

Детали за несреќата кај Џевахир: Две лица повредени, едно возило се преврте и се запали
миа

Во несреќата која се случи попладнево на булеварот „Трета македонска бригада повредени се две лица. До несреќата дошло кога два автомобили се судриле а веднаш по ударот едниот автомобил се запалил.

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во 15.50 часот на булеварот „Трета македонска бригада” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел”, управувано од 52-годишниот Д.Т. од Скопје и патничко возило „фолксваген”, управувано од 53-годишниот Р.К. од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, при што во возилото „опел“ настанал пожар.

Во незгодата двајцата возачи се пренесени во медицинска установа, каде им се констатирани телесни повреди.

Увид врши увидна екипа на СВР Скопје, информираат од МВР.