понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Факундо Кампацо се врати во Реал Мадрид

Факундо Кампацо се врати во Реал Мадрид

Три години откако си замина од клубот и се пресели во НБА, аргентинскиот репрезентативец Факундо Кампацо се врати во Реал Мадрид.

Денеска, тој официјално е претставен како нов играч/повратник во редовите на актуелниот европски шампион како најзвучно засилување во досегашниот дел од летниот преоден рок.

Тој беше член на Реал од 2014 до 2020 година со тоа што две сезони помина на позајмица во Мурсија и во тој период освои 11 трофеи: две во Евролигата, три во АЦБ, два во Копа дел Реј и четири во шпанскиот Суперкуп.

По враќањето во Европа, тој го облече дресот на Црвена Звезда чиј член беше минатата сезона, но во Евролигата одигра само девет натпревари поради суспензијата што ја доби белградскиот клуб. Просечно постигнуваше по 8,8 поени, 5,3 асистенции и 2,3 скока во елитното натпреварување.

Интересно е тоа што Кампацо е прво засилување за Реал ова лето, а доаѓа откако клубот ги продолжи договорите со ветераните Руди Фернандес и Серхио Родригес, како и со Габриел Дек. Од Реал досега си заминаа Најџел Вилијамс Гос, Адам Ханга, Ентони Рендолф и Петр Корнели.